среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 100 ново

Мажите се поголеми озборувачи од жените?

Ако на мажите им се каже нешто во доверба, тие веќе следната минута истото ќе го пренесат на друго лице, пишува Дејли меил. Споменатиот магазин направил истражување спроведено на 2.000 Британци, кое открило дека просечниот маж може да чува тајна во просек околу два часа и 47 минути, што е 40 минути помалку од жените.

– Еден од десет мажи признале дека во рок од 10 минути ја откриле тајната што им била кажана. А и покрај тоа, 92 проценти од посилниот пол за себе велат дека се луѓе од доверба. Што се однесува до видот на тајната, истражувањето покажало дека најтешко ја чуваат во тајност прељубата на пријател или афера на работа.

Загрижува податокот што туѓите тајни ќе ги кажат на најмалку 5 лица. Дополнително, со модерната технологија мажите и не чекаат да се сретнат со некој пријател, туку тајната ќе ја “скријат” преку фејсбук.

Top