недела, 24 септември 2017 | Вести денес: 58 ново

Арда Туран ќе бира помеѓу Галатасарај и Атлетико Мадрид?

Турскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Арда Туран по се изгледа летово ќе ја промени клупската средина. Како најверојатни дестинации за еден од најдобрите турски фудбалери се споменуваат двата негови поранешни клубови, Атлетико Мадрид и Галатасарај.

Одличниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има на “Ноу Камп” и затоа сериозно размислува да направи кам-бек на “Висенте Калдерон”. Сепак, „јорганџиите“ ќе мораат да испратат официјална понуда која нема да биде помала од 25 милиони евра, а забраната за трансфери што ја имаат исто така го дополнително го комплицира овој трансфер.

Освен шпанскиот гигант, сериозен интерес за услугите на одличниот играч за врска покажаа и челниците на турскиот прволигаш Галатсарај.

Top