вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 130 ново

Началничката функција на партискиот послушник Пројковски поважна од животите на Даниел и Александар

Оливер Спасовски два дена го нема и се крие после скандалозното пукање врз две момчиња од страна на струмичката полиција. Како директно одговорен за поставување на Началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски, Спасовски не го повика на одговорност, ниту го смени заради бруталното и незаконско однесување на струмичката полиција. Имено во инцидент во Струмица, полицаец применувајќи недсоодветна присила застрелал две момчиња, откако било пријавено дека тие сакале да украдат чамец од вештачката акумулација „Мантово“, едното од момчињата е во потешка сосотојба и моментално е на лекување на КАРИЛ, додека врз другото момче е извршен хируршки зафат во струмичката болница.

Танчо Пројковски беше именуван за Началник на струмичката полиција веднаш по доаѓањето на функција на Оливер Спасовски. Единствениот негов квалитет и препорака е тоа што важи за послушен партиски војник и што практично нема настан на кој што не се фотографирал со врвот на СДСМ или пак на сопствениот фејсбук профил не споделувал линкови од настаните организирани од Заев.

Пројковски на раководна позиција е поставен незаконски, спротивно на системот за кариера. Унапреден е за 6 скалила и истиот претходно нема никакво раководно искуство. Истото важи и за Жарко Зимбаков, неговиот заменик кој има несоодветно образование и напредувал 5 скалила по доагањето на Оливер Спасовски.

Началникот на државна безбедност во Струмица е приказна за себе. Оливер Спасовски го качува две скалила погоре, а истиот има завршено Педагошки факултет. Инцидентот кој се случи е страшен. Заради бруталното, неодговорно и незаконско однесување на струмичката полиција настрадаа две млади момчиња. Заради кадровската политика што ја води СДС ништо чудно хаосот во струмичката полиција во иднина да предизвика уште пострашни проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top