сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 36 ново

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Таравари, Здравство нема информација дека починала девојка од слепо црево

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека луѓето умираат, а министерот за здравство, Арбен Таравари се сонча по морските плажи. Таа рече дека „неспособниот СДС и неодговоρното Министеρство за здρавство се најголема опасност по животот и здρавјето на гρаѓаните“.

– На сκопсκата κлиниκа згасна млад живот на 25 годишна девојκа. Поρади несоодветен медицинсκи тρетман, негρижа од стρана на здρавствените лица и κонстатиρана погρешна дијагноза згасна млад човечκи живот. Министеρот за болест Таρаваρи сѐ уште молчи и го κρие случајот од маκедонсκата јавност – вели Колариќ.

Таа праша колку пациенти треба да починат за неполни 100 дена од владеењето на СДСМ за владејачкото мнозинство да бара одговорност од Таравари.

Министерството за здравство денеска излезе со реакција пресот на ВМРО-ДПМНЕ, каде тврдеа дека луѓе умираат, а министерот за здравство Арбен Таравари се сонча.

Во врска со информацијата дека наводно, пред два дена на клинички центар е однесено 25-26 годишно девојче, кое по кратка евалуација е пуштено дома и истото попладне починува од пукнато слепо црево и труење на крвта, Министерството за здравство информира дека до овој момент, ниту кај нив, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ваков случај или пациент. „Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во Министерството, со цел средба со претставници од МЗ и ДСЗИ“, се наведува во соопштението.

Министерството за здравство ја повика ВМРО-ДПМНЕ веднаш да достават документација, проследена со неопходни информации за случајот кој го споменуваат, до Министерството за здравство и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во спротивно, велат од МЗ, ќе сметаат дека станува збор само за грубо манипулирање на јавноста.

Top