петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Манасков беспрекорен во Веспрем: Први минути и први голови

По авантурата во Рајн Некар, македонскиот репрезентативец Дејан Манасков ова лето потпиша за унгарскиот првак Веспрем. Искусното крило веќе ги имаше и првите настапи за Веспрем, и тоа на турнирот „Шпаркасе Куп” во Германија, против екипите на Загреб и Гепинген.

На првиот дуел Веспрем не успеа да слави против Загреб и одигра само 28:28, а Манасков имаше само еден неуспешен обид за погодок.

Многу подобро беше на вториот натпревар од групата против Гепинген, кој Унгарците го добија со 35:33, кога левото крило на нашиот национален тим беше во многу подобро издание. Постигна три голови од четири обиди.

Веспрем го освои првото место во групата „А“ и ќе разигрува за титулата против Нант каде игра Кире Лазаров, што значи „македонска ппресметка“ во финалето.

Top