сабота, 16 декември 2017 | Вести денес: 29 ново

Полицаецот кој пукаше во малолетниците ќе одговара за „обид за убиство“

Полицаецот од СВР Струмица, кој пукаше во двајцата малолетници од Радовиш, ќе одговара за „убиство во обид“, а внатрешната контрола на МВР, против него повела дисциплинска постапка и тој е отстранет од работа информираа од МВР.

Двете момчиња во кои во петокот пукаше полицаецот се уште се на лекување. Потешко повреденото момче се уште е во критична состојба, после операцијата на градите каде доби огнострелна рана. Момчето кои беше застрелано во ногата е во струмичката болница. Инцидентот се случи во петокот кога момчињата биле пријавени дека сакаат да извршат кражба кај браната Мантово. Тие со возило и избегале на полициската патрола. Откако полицијата ги фатила, за време на апсењето еден од полицајците со службен пиштол без никаква причина пукаше во нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top