понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 109 ново

Гвардиола незадоволен, посочи што Сити мора да корегира

Манчестер Сити со победа од 2-0 ја започна новата кампања во Премиер лигата во која „граѓаните“ влегоа како први фаворити за насловот.

Два погодоци за победа играчите од Манчестер ги дадоа во вториот дел, но и покрај успехот тренерот Пеп Гвардиола не беше докрај задоволен од настапот.

-Пред голот на Серхио имавме шанси во првото и второто полувреме и на вакви натпревари кога тимовите се бранат со 10 играчи многу е важно први да дадете гол. По првиот погодок ни беше полесно, ама првите средби се секогаш комплицирани. Тоа сме го виделе во многу натпревари, особено против екипи кои се промовирани и ја имаат истата страст, фановите и играат без притисок. Беше тешко, ама успеавме. Бевме стабилни, примивме еден шут и тоа по корнер и потоа ништо не се случи. Меѓутоа мора да се подобриме. Напаѓавме бавно, мора да бидеме побрзи, прецизни, точни во нашите додавања, -посочи Гвардиола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top