четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Болт ја заврши кариерата со повреда

Најголемиот спринтер на сите времиња 30-годишниот Јамајчанец Усаин Болт не успеа да ја заврши својата последна трка во кариерата, во финалето на штафетата 4 по 100 метри на Светското атлетско пр венство во Лопндон, кога мораше да се откаже поради повред по само 20-ина метри.

Големата кариера на Усаин Болт заврши на најлошиот можен начин. Спринтерот од Јамајка во текот на кариерата освои 22 медали, 14 на светските првенства, од кои 11 злата, две сребра и една бронза и осум олимписки, и тоа сите златни.

Во саботата претпладнето настапи дури и во квалификациите за штафетната трка за да си даде шанса за 15-та медала од свеските првенства, но неговото тело не издржа. По само 20-ина истрчани метри Болт застана, а најверојатно причина е повредната на задната ложа. Болт така на своето последно големо натпреварување освои само бронза во трката на 100 метри.

Во моментот на откажувањето на Болт, Јамајка беше на третото место зад водечката Велика Британија и вторите САД. Британецот Натанил Мичел Блејк успеа до крајот да ја задржи предноста пред Кристијан Колеман и да осигури големо славење за домаќините.

Британците до златото дојдоа со одличното време од 37,47 секунди, пет стотинки побрзо од второпласираните САД, додека Јапонците ја освоија бронзата со време од 38,04 секунди.

Top