вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 107 ново

Голем пожар се ближи кон првите куќи во Кондово (видео)

Вечерва по 22 часот се разгорел пожар во близина на скопското село Кондово. На терен делуваат десеттина против пожарни возила како и возила на јавните претпријатија ,,Водовод” и ,,Комунална хигиена”.

Пожарот се шири кон првите куќи во селото, засилен од ветрот. Во гаснењето се вклучени и 50 – тина жители од селото. Според Центарот за управување со кризи, овој пожар бил гаснет уште од пладнево и бил ставен под контрола. Но, ветрот вечерва го разгорел и постои опасност да ги зафати и куќите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top