сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 35 ново

Aвтомобил се залетал во толпата, еден мртов на протестите во Шарлотсвил

Во Шарлотсвил, Вирџинија во САД денеска се одржува десничарски марш насловен како „Обидинета десница“ на кој што се бара обединување на десничарите против тоталитарен комунизам и афирмација на правата на Јужњаците и белите луѓе да се организираат за нивните интереси.

За време на маршот, автомобил се залетал и се удрил во групата демонстранти, по што според медиумите, имало и посериозно повредени, а се споменува и една жртва.

Уште од стартот овој марш беше проследен со насилство, па државата Вирџинија прогласи вондредна состојба, а полицијата се обидува да направи зона помеѓу демонстрантите и контра-демонстрантите.

Протестот е организиран од страна на Џесон Кеслер, активист, како знак на протест против отстранувањето на статуата на генералот од Конфедерацијата Робер Ли.

Кон протестот се приклучија и неколку нацистички и националистички групи, при што беа истакнувано нацистички пораки и симболи, што предизвика реакција кај левичарските групи кои се организираа во контра-протест по што дојде до меѓусебни судири, како и судири со полицијата.

Top