вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 106 ново

На атлетското СП во Лондон: Фара остана без златото на 5.000 метри

Мо Фара не успеа да се збогува со британските фанови со победа откако вечерва го освои сребрениот медал во трката на 5.000 метри на атлетското Светско првенство (СП) кое се одржува во Лондон.

Атлетичарот кој доминираше изминативе години на трките на 5.000 и 10.000 метри доживеа слично сценарио како Јусеин Болт откако не успеа да го освои златото на последниот настап на големите натпреварувања, а денеска беше победен од Муктар Едрис од Етиопија.

Американецот Пол Челимо го освои бронзениот медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top