сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 33 ново

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер северно од Куманово

Нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во моментов има северно од Куманово, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локани врнежи од дожд со засилен ветер има на повеќе места, а врнежите се проследени и со електични празнења.

Слаби врнежи од дожд има во југоисточниот дел од земјава.

Од УХМР очекуваат нестабилноста постепено да се намалува во текот на ноќта.

Top