сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 35 ново

Коктели кои ја зголемуваат желбата за секс

Нема човек што не се труди да ги разгори страстите со својот партнер. Во тоа може да ви помогнат многу работи, меѓу кои и некои коктели.

Клучот е во состојките што овие коктели ги содржат, а го зголемуваат либидото кај мажите и жените.

Ние ви предлагаме три рецепти за одлични коктели кои можеби не сте ги знаеле,  а делуваат како афродизијак:

Gin Fizz Tropical

Основната состојка во овој коктел која влијае на зголемување на сексуалната желба е ананасот.

Начин на подготовка:

Во шејкер измешајте 30 ml бела текила, 30 ml џин, 20 ml сок од лимон, 10 ml сок од ананас и 15 ml сируп од ѓумбир.

Послужете во чаша со мраз и додадете газирана вода.

Jam Jar Julep

Зачинот кардамом кој го има во овој коктел е богат со мелатонин, што докажано ја поттикнува желбата за секс.

Начин на подготовка:

Измешајте 50 ml џин, 50 ml сок од грејпфрут, 20 ml сируп од бозел и неколку ливчиња нане.

Послужете со мраз и семки од кардамом.

Rosemary Gin Fizz

Рузмаринот, на кој се базира овој освежителен коктел, многумина го сметаат за природна вијагра.

Начин на подготовка:

Измешајте 35 ml џин со рузмарин (во џинот ставете неколку гранчиња рузмарин да отстојат 4 часа), 45 ml вермут и 20 ml сок од лимон.

Додадете 50 ml газирана вода и послужете со гранче свеж рузмарин.

Top