недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 16 ново

Ракометарите на Вардар загубија од Рајн Некар, ќе ираат за 3. место на турнирот во Гумерзбах

Вардар ќе игра за третото место на турнирот во Гумерзбах, Германија откако во полуфиналето денеска Рајн Некар беше подобар и триумфираше со 34-25 (14-10). Наш ривал во утрешниот меч за бронзен медал ќе биде домаќинот на турнирот, тимот на Гумерзбах. Тој меч е закажан за 13,30 часот.

Тренерот Раул Гонзалез не можеше да смета на Лука Циндриќ, Страхиња Милиќ и Владо Недановски кои се пожалија повреда. Во тимот беа четворица млади ракометари, Марко Кизиќ кој дебитираше со 16 години, заедно со Даниел Ѓорѓески, Тоше Ончев и Мартин Поповски.

Вуко Борозан беше најефикасен во тимот на Вардаер со 8 гола, Македа постигна 6, Карачиќ 5, Ончев 2, а по еден Поповски, Криштопанс, Мораеш, Чупиќ, Дибиров и Шишкарев.

Top