четврток, 24 август 2017 | Вести денес: 1 ново

Вечерва во 22.50 часот последен дуел меѓу Болт и Гетлин

Вечерва во 22.50 часот (МТВ пренос) е последниот дуел меѓу светскиот рекордер Јусаин Болт од Јамајка и новиот светски шампион на 100 метри Џастин Гетлин. На Светското првенств (СП) во атлетика кое е во тек во Лондон, ова е последна трка на Болт на некое големо натпреварување.

Штафетите на Јамајка и САД четири пати по 100 метри се во финалето на шампионатот во Лондон.

Новиот светски шампион на 100 метри трчаше во втората замена и со време од 37,70 секунди штафетата на САД беше најбрза во првата група на квалификациите.

Американските атлетичари зад себе ги оставија штафетите на Велика Британија и Јапонија кои исто така се пласираа во финалето.

Во втората група најдобро време имаше штафетата на Јамајка – 37,95 секунди. Болт кој трчаше во последната замена, без проблеми ги престигнуваше конкурентите.

 

Top