четврток, 24 август 2017 | Вести денес: 1 ново

Алиоски го подновил татка си со автомобил од соништата (ФОТО)

Езѓан Алиоски одлично се адаптираше во неговиот нов клуб Лидс јунајтед, веќе ги освои симпатиите на навивачите на чемпионшиплигашот, а ги изненади и своите родители.

Агенцијата која се грижи за правата на нашиот 25 годишен репрезентативец, вчера на социјалните мрежи објави какво изненадување Алиоски му приредил на неговиот татко по преселбата во Англија.

„Ова е среќен петок, Денеска, го изненадивме таткото на Езгјан Алиоски со специјален подарок од неговиот син, автомобилот за кој секогаш сонувал…“ напиша вчера на социјалните мрежи „Ферплеј“ агенцијата.

Лидс денес на домашен терен го пречекува Престон во второто коло од Чемпионшип дивизијата во Англија, нашиот репрезентативец на социјалните мрежи најави дека е подготвен за новиот предизвик.

извор 24фудбал

Top