сабота, 23 септември 2017 | Вести денес: 5 ново

Нудисти подбрани со пушки и пиштоли на Корзика

Француската полиција соопшти дека вооружениот инцидент на една плажа на островот Корзика, бил предизвикан од локален бизнисмен, кој бил револтиран од присуството на нудистите кои таму се собирале и се сончале.
Во инцидентот што се случил минатата недела, близу до градот Порто Векио била повредена една 30 годишна жена.

Според изјави на сведоци, вооружен маж се појавил на плажата и прво им се заканувал на нудистите, барајќи од нив да се облечат или веднаш да си заминат, а кога тие одбиле, почнал да пука од пушката што ја имал со себе.

На плажата настанала паника, а туристите почнале да бегаат и во таа мешаница, повредената жена била погодена во ногата.

Напаѓачот чиј идентитет полицијата не го открива е локален сопственик на кафуле, кој тврди дека неговиот бизнис страда, поради се поголемото присуство на нудистите на плажата.

Корзика станува популарна дестинација за нудистите од островт но и од копното, од Франција, што не наидува на одобрување на локалното население, кое важи за конзервативно.

Минатото лето, група организирани Корзиканци бараа од локалните власти да не дозволат „буркини“ костими на корзиканските плажи, заканувајќи се дека тие самите ќе се пресметаат со жените муслиманки доколку имаат на плажите ваков костим за капење.

Плажата кај Порто Векио не е официјално регистрирана како место за нудисти, но тие секое лето доаѓаат во се поголем број.

Top