понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 35 ново

Во пеплосаното возило на Стража имало две деца

Синоќа во 19:00 часот во Полициска станица Гостивар пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на превојот “Стража” над клучката за село Сретково дошло до опожарување во движење на патничко моторно возило “Рено Скеник” со литваниска национална ознака, управувано од 33-годишниот С.К.Х.од Републикa Украина. Пожарот настанал поради дефект на тркало. Во возилото како сопатници биле неговата сопруга, две малолетни деца и роднина.

Патниците во возилото не се повредени, но со екипа на Итна медицинска помош се пренесени во Медицински центар Гостивар. Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарна единица Гостивар.

Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top