вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 130 ново

ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ е следниот „бонбона-бизнис“ на Заев и Башановиќ

Со пари на граѓаните Заев ќе плаќа и сомнителни ликови без морален кредибилитет кои си ги ангажира за советници. Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ, кој од неодамна е специјален економски советник на Зоран Заев, е човек познат по правење матни зделки, човек со сомнително минато и дебело криминално досие, изјави денес од пред владата Бојан Стојаноски.
– Зоран Башановиќ ѝ е познат на јавноста единствено по низата скандали за кои пишуваа порталите во регионот. Башановиќ како познат менаџер и бизнизмен е фатен како се впуштил во кражба на ќебиња во Флорида во вредност од 5000 долари, за што и бил уапсен од тамошните власти, вели Стојаноски.

Стојаноски вели дека останува нејасно за што ќе го советувааат Зоран Заев вакви клептомански ликови и какви економски совети ќе му даваат?

-Дали спрегата Башановиќ – Обрадовиќ на Заев треба да му донесе уште еден „бомбона бизнис” со продажбата на ЕЛЕМ? Зоран Заев откако го состави економскиот дрим тим на владата на СДС, со Мерко, Шапуриќ, Кахил и Самка Ибраимовски, дополнително реши да го засили својот тим со нов надворешен економски советник како што е клептоманот Зоран Башановиќ. Ваквите погубни економски политики кои ги СДС ги спроведува во изминатиот период со поставување на контраверзни личности за економски советници како што е Башановиќ, во изминатите 70 дена на Република Македонија и донесоа нула нови странски инвестиции и не генерираа ниту едно ново работно место. Со поставувањето на ликови како Башановиќ,се отвора сомнеж во јавноста дали новата влада ќе работи на подобрување на економската состојба на граѓаните и зголемување на нивниот стандард или ќе работи на подобрувањето на економското порфолио на корпорациско- партиски фирми, блиски до СДС, вели тој.

Советникот на Заев крадел ќебиња во трговски центар

Стојаноски посочува дека граѓаните на Република Македонија сакаат нивната влада чесно да работи за нивно добро и да не да мислат дали некој од нив нешто да украде. Заев и СДС заради ваквата неодговорност и неспособност ќе се соочат со политичка одговорност на следните локални избори и ќе бидат целосно делегитимирани од страна на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top