сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 35 ново

Ердоган изибра што ќе облечат на суд обвинетите за пучот и терористите

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган објави какви комбинации ќе носат пред судот обвинетите за учеството во ланскиот неуспешен пуч во Турција и обвинетите за тероризам.
Обвинетите ќе можат да носат две комбинации – кафен конбинезон оние кои се обвинети дека учествувуале во пучот и дводелна комбинација за тероризам.
Во обраќање на стадион во источната турска провинција Малатија, турскиот претседател рекол дека отсега обвинетите нема да можат пред судот да се појавуваат во каква било облека.
Турскиот претседател прво побарал да бидат облечени како затворениците во Гвантанамо, а ден подоцна поранешен војник на суд се појавил во маица на која пишувало „херој“.
Повеќе од десет луѓе се уапсени поради сомнение дека пропагираат тероризам поради носење слични натписи на облеката.
Најмалку 50.000 луѓе се уапсени поради минатогодишниот обид за пуч во Турција.

Top