сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 35 ново

Мултинационалност за сите освен за Албанците: Членските книшки во струшката библиотека исклучиво на албански (ФОТО)

Двојазичноста е неминовност која очигледно важи само за Македонците. Мултинационалноста, исто така, важи за сите освен за Албанците. Кога се во прашање Албанците, за нив постои само албанскиот јазик и неговото латинично писмо.

Фотографија од членска карта за градската библиотека во Струга, објавена на порталот Охрид24, ги разбранува социјалните мрежи.

Професорката Билјана Ванковска која ја сподели фотографијата на својот профил напиша:

„Членска карта за Градската библиотека во Струга! Сега се прашувам какви ли книги има таа библиотека?“

Каде е изгубен македонскиот јазик, прашуваат корисниците на социјалните мрежи.

Top