понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Знаете ли зошто тешко се чита ракописот на лекарите?

Слободно може да се каже дека нема лекар чиј ракопис лесно се чита. Поточно, за да ја прочитате пропишаната терапија или пак дијагнозата, треба да се изнамачите и да дешифрирате, наместо да читате.

Сепак, постојат јасни причини зошто е тоа така, а некои од нив признаваат дека некогаш пишувале убаво и читко.

Колкупати досега ви се случило да не можете да ја прочитате рецептата од лекарот, затоа што е напишана со многу нечиток ракопис? Некои лекари признаваат дека како ученици и студенти имале многу убав ракопис, но во меѓувреме нешто се променило.

– Знам дека луѓето се мачат да ми го дешифрираат ракописот, а како ученик освојував награди за краснопис, lпризнава докторката Рут Брокато.

Причина за тоа, тврдат стручњаците, е претрупаноста со работа на лекарите. Многу пациенти, долги работни часови, многу пишување…

– Ракописот на лекарите се влошува како што одминува денот, затоа што мускулите на раката се заморуваат, објаснува д-р Ашер Голдштејн и додава дека краснописот е последната работа за која водат сметка лекарите. Ако воопшто водат.

Лекарите постојано брзаат, а пропишано е на секој пациент да му одделат 15 минути. Кога би посветувале повеќе време на еден пациент и кога не би имале толку работа, можеби и би имале време за краснопис. Освен тоа, жаргонот на лекарите и стручните термини што ги користат често им се неразбирливи на пациентите и кога тоа ќе се спои со неуреден ракопис, не е ни чудо што не може никој жив да го дешифрира.

Лошиот ракопис на лекарите има земено и жртви. Забележани се случаи во кои пациенти ги изгубиле животите поради нечиток ракопис. Според еден податок од 2006 година повеќе од 7000 луѓе годишно умираат поради медицинска грешка предизвикана од нечиток ракопис. Тоа е една од причините што лекарите се вртат кон електронски медицински документи, зашто тоа е еден од начините да се избегнат такви трагедии, открива Ридерс дајџест.

Top