вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 130 ново

Гала концерт на учесниците на Меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“

 Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга вечер традиционално по четиринаесетти пат, ќе се одржи Гала концертот на најдобрите натпреварувачи од Арт фестивалот „Езерски бисери“.

Меѓународниот арт фестивал – натпревар „Езерски бисери“ е натпревар на уметноста. Доаѓаат пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет и се натпреваруваат во своите дисциплини, а најдобриот ја понесува наградата од 1.000 евра.

За наградата Гран при ќе се натпреваруваат млади таленти од Македонија, Русија, Малта, Франција, Полска, Белорусија, Србија, Бугарија, Словенија, Швајцарија и Молдавија, кои ќе бидат оценети од страна на стручно жири. Тие ќе учествуваат во две фестивалски програми: класика и естрада, кореографија, фолклор.

Најдобрите македонски учесници добиваат шанса да настапат на повеќе реномирани светски фестивали, меѓу кои и „Славјански Базар“ во Белорусија. Влезот е бесплатен. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top