четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 125 ново

Во неверојатен трилер натпревар со седум гола, Арсенал го совлада Лестер на отворањето на новата сезона на Премиер лигата

Љубителите на фудбалот по летната пауза вечерва уживаа во првиот меч од новата сезона во англиската Премиер лига кој понуди многу голови и возбудувања. Арсенал во единствениот меч денеска по совлада Лестер Сити со резултат од 4-3, откако на поувреме се замина со 2-2.

Лаказет погоди по само 120 секунди игра, а резултатот веќе беше 1-1 во 5. минута, кога Оказаки го матираше Чех.

Во 29. минута Варди го замолка Емирати, но домаќините успеаја да се вратат со голот на Велбек во втората минута од судиското надополнување на првиот дел.

Одбраната на Арсенал одново киксираше ов 56. минута, а Варди со својот втор гол донесе нова предност за „Лисиците“.

Арсен Венгер потоа фрли се на една карта и замените му донесоа три бода. Најпрво Рамзи погоди за 3-3 во 83. минута, а победата ја донесе Жиру две минути подоцна.

Top