четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Не се ни појавил ниту во публиката на СВП, а стана претседател на УО: Поетот со јакната доби функција

Дарко Лешоски е новиот претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата (СВП). Лешоски доаѓа на местото на поетот Славе Ѓорго Димоски, кој на оваа функција беше од 2008. Тој на ова место доаѓа од позицијата во новиот владин сектор за информации.

По објавувањето на името на Лешоски како нов претседател на Управниот одбор не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи дека станува збор за уште еден кадар кој е далеку од квалификуван за ова место, а повеќе реномирани поети и книжевници, меѓу кои и Иван Антоновски реагираат дека „човек, којшто никогаш не сме го виделе ниту во редовите на публиката на СВП и кој најверојатно не знае ни кои личности пред него биле на истото тоа место“, сега добива клучна позиција.

Top