четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 125 ново

Еден месец во „аут“: Засилувањето на Милан, Лукас Билја се повреди

Едно од најзвучните летни засилувања на Милан, Лукас Билја нема да игра на двомечот против Шкендија во рамки на плеј-офот во Лигата на Европа поради повреда. Аргентинецот кој последниве неколку години беше еден од најдобите поединци на Лацио ќе биде надвор од терените околу еден месец.

Сепак, Милан нема да има премногу проблеми да му најде достојна замена во составот, со оглед на тоа што во средината на теренот можат на позицијата дефанзивен играч за врска можат да го покријат новодојдениот Кеси, младиот и талентиран Локатели, како и ветеранот Монтоливо.

Top