недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 16 ново

Димовски до Џафери: Немате право да држите седница со присутна полиција внатре

Никаде во Деловникот не стои дека треба да и се заканувате на пратеничката Авировиќ, не пишува дека имате право да не давате процедурално, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во обраќањето до Џафери од собраниската говорница.

Toj iстакна дека Џафери нема право да се заканува на колегите и да вика кон пратеничките.

– Деловникот не ви дава право да не давате пауза и да не давате процедуално. Немате право да држите седница со присутна полиција внатре. Не може да држите седница со присутна полиција тука, кај пратениците. Треба да се задржи редот и мирот во ова Собрание. Треба да го почитувате Деловникот, Талат Џафери. Ако продолжите да го кршите Деловникот и одбегнувате дискусија. Господинот Шилегов мене ми кажа дека со вас денес не може да излезе на крај, не може да се разбере, потенцираше Димовски.

Top