понеделник, 21 август 2017 | Вести денес: 49 ново

Креспо: Јунајтед ќе се врати на врвот, Мурињо не греши втор пат

Легендарниот аргентински напаѓач, Ернан Креспо, не мина многу време во англиската премиер лига во Челзи, но сепак остави белег во историјата на „сините“. Тој денес пред почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига, го открил својот фаворит годинава во трката за титулата.

–  Мислам дека Манчестер Јунајтед ќе се врати на врвот и ќе биде шампион во Премиер лигата. Мурињо не греши вторпат, тој никогаш не потфрлил во втората сезона. Жозе е еден од најдобрите тренери во светот, направи историја во Порто, во Интер и сега ќе го направи тоа и во Манчестер Јунајтед. Тешко е да се објасни чувството, но кога работите со Мурињо мислите дека сте најдобриот напаѓач во светот. Тој ве тера да верувате во тоа, а кога вербата е голема, доаѓаат и резултатите на теренот, вели Креспо во изјава за „Бетстар“.

Top