сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 36 ново

Уапсен пироман кој подметнал 25 пожари во Хрватска

Полицијата во Истра приведе 44-годишен маж осомничен дека лани со запалка намерно потпалил 25 пожари, со што сторил кривично дело доведување во опасност на животот и имотот со опасно орудие или средство.

Осомничениот од февруари до 9 август предизвикал 25 пожари со палење трева, при што огнот се проширувал поради временските услови.

Само во еден пожар изгореле околу 1,5 хектар нискостеблеста шума и 45 маслинови дрва.

Полицијата соопшти дека ќе ја продолжи истрагата за да утврди дали истиот маж предизвикал и други од минатогодишните пожари на подрачјето од Бује до Умаг.

Top