сабота, 21 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Рокот за поднесување кандидатски листи за градоначалници е до 14 септември

Крајниот рок за поднесување листи на кандидати за локалните избори е 14 септември, информира Државната изборна комисија. Од таму ги известиле сите општини и градот Скопје дека се должни најдоцна до 11 август јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а најдоцна до 25 август се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

Исто така, Државната изборна комисија ги известила општините и градот Скопје дека средствата за спроведување на локалните избори се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно изборната комисија на градот Скопје, освен средствата за изборниот материјал кои се обезбедуваат од буџетот на РМ и со нив располага Државната изборна комисија.

Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top