вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 91 ново

Сијамски близначки жртви на експерименти: Делеле иста судбина, но едната станала психопат, а другата…

Одземени од мајката уште во времето на Сталин и Советска Русија, сијамските близначки Маша и Даша Кривосљапова, со години биле изложени на медицински експерименти и истражувања.

Биле третирани со оган и горени, изгладнување, смрзнување, одржувани вештачки будни, во нив биле вбризгувани разни радиоактивни и хемиски супстанци, а употребувани биле и електрошокови во ужасни истражувања, се тоа бидејќи делеле заеднички крвен систем, но имале раздвоени нервни систем.

Иако целиот живот живееле по институции и за нивниот хорор малку се знае, сега целата приказна излегла на виделина и тоа заблагодарувајќи на новинарката Џулиет Батлер, пренесува Дејли Мејл.

Таа открила дека, иако целиот живот делеле ужасни маки за време на детството и по медицинските и научни санаториуми, тие се развиле во две потполно различни личности. Додека едната била груба, бесчуствителна и психопатски манипулативна кон својата сестра, другата била нежна и чуствителна, со силна желба да живее нормален живот.

– Нема сомнеж дека Маша била психопат, а дека Даша била во емоционално условувана состојба и дека била злоставувана од страна на својата сестра – рекла Батлер, која станала нивна пријателка во 1988 година.

– Маша и скратувала на Даша се што таа некогаш сакала. Кога некој е во таков однос има можност да си оди. Маша немала. Ниту можела да има однос со нејзината мајка, ниту да запознае љубов, ниту да има шанса да им се раздвојат телата – вели оваа новинарка.

Таа исто така открива дека близначките веднаш по раѓањето биле одземени од мајката Екатерина на која и било кажано дека нејзините бебиња умреле по царски рез. Потоа следеле години на експерименти и мачење.


– Всушност јас бев таа која им кажа што се доживеале за време на детството бидејќи тие тоа го потиснуваа. Даша тогаш рече “Тие си ја вршеа само својата работа”, додека Маша беше бесна. Дури и кога Даша се заљубила и љубовта и била возвратена, Даша го одбила момчето бидејќи никој не смеел да ја има Даша освен Маша – кажала Батлер.

Така било и со начинот на живот, гледајќи на тоа дека Даша сакала да работи а Маша само сакала да пуши и да пие алкохол, што биле работи кои Даша не ги поднесувала. Меѓутоа, останале заедно до смртта во 2003 година, кога прво Маша починала од срцев удар на 54 години, но бидејќи Даша ни тогаш не сакала хируршки да им се одвојат телата починала од труење на крвта од телото на Даша кое било во фаза на распаѓање, само неколку часа по нејзината сестра.

Top