вторник, 22 август 2017 | Вести денес: 70 ново

Се подготвува историска посета на папата Франциск во Русија

Кардиналот Пјетро Паролин, висок функционер во хиерархијата на Ватикан, наскоро ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, во Москва, каде што ќе бидат утврдени деталите за историската посета на папата Франциск на Русија.

Делегацијата на Ватикан, која ќе ја предводи Паролин, ќе биде во Русија од 20 до 24 август, а во текот на посетата ќе се сретне со Путин и со патријархот на Руската православна црква, Кирил.

Во поново време ниту еден папа ја нема посетено Русија претежно поради долгогодишните тензии меѓу православните и католичките разграноци на христијанството, што папата сега сака да ги надмине.

Папата Франциск се сретна со патријархот Кирил на Куба минатата година, што беше обележана како средба за паметење.

Тоа беше прв состанок меѓу еден папа и патријарх на Руската православна црква од раздвојувањето на христијанството на западен и источен разгранок во 11 век.

Top