недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 75 ново

Едвај 20 пратеници на СДСМ во собраниската сала: Годишните одмори се приоритет за СДСМ а не Јавниот обвинител.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара од Талат Џафери ја да прекине расправата за разрешување на Јавниот обвинител бидејќи еспротив од Изброниот законик.

Димовски нагласи дека јавноста е манипулирана од СДФСМ и Џафери за приоритетноста за разрешување на Јавниот обвинител бидејќи денес во салат како присутни се пријавиле само дваесетина пратеници од парламентарното мнозинство.

– Еве денес и да се откажеме од дебата нема да може да се гласа бидејќи пола од пратениците на СДСМ и ДУИ се веќе на годишен одмор. Во салата има присутни дваесетина пратеници на парламентарното мнозинство што ја покажува приоритетноста што со денови ја слушаме од СДСМ. Затоа ве повикувам господине Џафери да ја ставите оваа точка во мирување и да преминеме на некои од наредните точки кои навистина се приоритет за граѓаните на Република Македонија, истакна Димовски.

Димовски додаде дека во моментот во собраниската сала има повеќе новинари отколку пратеници на СДСМ што е јасен сигнал за сериозноста на ова тенко мнозинство во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top