вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 130 ново

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација и против Садула Дураку

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе интерпелација и против министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку.

Досега поднесоа интерпелација против министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, против министерот за финансии, Драган Тевдовски, против министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави интерпелации против вкупно седум министри од власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top