вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 130 ново

Бугари се новите газди на Скопски саем

Словенците си заминаа од Скопски саем. Гвидо Омладиќ, сопственикот на ЕРА Велење и Пилон Самобор, ги продаде своите удели во компанијата. Нов газда на Скопски саем е компанијата Кардфинанс ДООЕЛ од Бугарија чиј сопственик е Георги Кехајов.

Според информациите на Фактор, преговорите за продажба траеле подолго време, а целата бизнис зделка се официјализирала на 28 јули. Информацијата за преземање на Скопски саем и официјално е објавена во Централниот регистар на Македонија.

Кардфинанс стана сопственик на 55.000 квадратни метри на Скопски саем, најголем центар за изложби и саеми во Mакедонија, што е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top