понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 19 ново

Драма при слетување во Амстердам: Авион се лулаше на силниот ветер (ВИДЕО)

Голем патнички авион „боинг 777“ се соочил со проблеми при слетувањето на аеродромот во Амстердам, „Шипол“.

На видеото се гледа како еден од најголемите патнички авиони, кој може да прими 396 патници, се приближува на пистата.

Одеднаш авионот почнува силно да се лула лево-десно, што било предизвикано од силниот ветер. Пилотот одлучил да се откаже од слетувањето и повторно го насочил авионот кон небото.

По кружењето околу аеродромот, „боингот“ се вратил на позицијата за слетување и безбедно се спуштил на пистата.

Top