четврток, 24 август 2017 | Вести денес: 0 ново

Синдром „тетка“

За синдромот „тетка“ нема да може да прочитате во ниту едно медицинско списание, иако во животот тој означува потполно реална појава: состојба на безволност, умор, безживотен поглед, асексуалност, приговарање, мрморење и отсуство за сонување, односно остварување на соновите.

За жал, меѓу нас, има многу жени со такви симптоми.

Ви го пренесуваме чувството на една „тетка“. Можеби и вие ќе се пронајдете во овие зборови.

Еден ден во мене се појави „тетката“. Не беше тоа одеднаш. На почеток доаѓаше на кратко, да ја посети мојата безгрижна, но и самоуверена „внатрешна девојка“. Се манифестираше во порив за чистење, перење, пеглање… Но, тоа не беше најстрашно. Најлоши беа приговорите кон домашните „никој не води сметка за куќата, освен мене“. Но, мојата „внатрешна девојка“ брзо ја испраќаше гостинката. И сè повторно беше лесно и забавно.

Но, по раѓањето на синот, неповиканата гостинка доаѓаше сè почесто, криејќи се под социјалните одобрени маски – чувството дека некому нешто должиш и одговорност. По раѓањето на вториот син, „тетката“ се пресели кај мене за постојано. И си го донесе целиот багаж: досадата, меланхолијата, мрморењето и вишокот килограми.

И откако се пресели кај мене ги забрани чевлите со високи потпетици и откачената гардероба. И кога ќе тргнев во продавница за долна облека, „тетката“ во мене почнуваше: Каде со тој памет? Ти треба нов миксер, правосмукалка, крпи за во кујна!

Децата помалку се смееја, пријателите престанаа да доаѓаат на гости, а сопругот престана да шепоти нежности.

Но, еден ден сè тргна во друг правец. Купив нови чевли со високи потпетици, ја обоив косата, ја исфрлив од дома одвратната, злобна, дебела „тетка“ домаќинка, заедно со нејзиното мрморње, умор, чувството дека некому нешто должи.

И си напишав заповеди за борба против синдромот „тетка“

1. Сè што работиш прави го со леснотија и со љубов

2. Никому ништо не сум должна

3. Мене ми е сеедно што ќе речат другите луѓе

4. Високи потпетици и секси долна облека дури и со деца во прегратка

5. Јас постојам и тоа е веќе доволна причина за среќа!

 

Top