сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 36 ново

Во галеријата „Робевци“ изложба на слики од Папрадишки, Мартиноски, Личеновски, Коџоман

Во Галеријата „Робевци“ во Охрид вечер ќе биде отворена изложбата „Антологија“ на која ќе бидат преставени дела од доајените на македонското сликарство.
Ќе бидат преставени дела на Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман и Василие Поповиќ-Цицо.
Изложените дела се дел од збирката на Современа Уметност при Завод и Музеј-Охрид. Изложбата ќе трае до 11септември 2017 година.
Top