недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 75 ново

Изложба на фотографии на Марина Трајковски „Shhh… Гола сум!“

Во вторник, 15 август во „Обџектив бар“ во Охрид од 20 часот се отвора несекојдневната изложба на фотографии со наслов „ Shhh… Гола сум!“ на Марина Трајковска.

Изложбата е од отворен карактер, а гостите ќе ги забавува Dj Nasty Deluxe кој зад себе има интернационална кариера.

За Трајковска која се занимава со филм и фотографија повеќе од пет години, ова ќе биде прва самостојна изложба. Таа е апсолвент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек театарска и филмска драматургија.

– Женското тело како голо тело многу пати е и злоупотребувано;”продавано” за ситни пари. Овие слики зборуваат за она што се молчи, зборуваат за несовршеноста на совршената креација, за онаа невидлива енергија која е материјализирана во едно тело. Голото тело не е порнографија, тоа е најчистата форма, ова е најсуптилно заведување – вели Трајковска за инспирацијата за претстојната изложба.

Трајковска е редовен учесник и на меѓународни филмски фестивали. Меѓу другите ангажмани, таа неколку години ги потпишува и бекстејџ видеата на Моден викенд Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top