сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 0 ново

Загадени јајца и во Источна Европа, реагира и Хрватска

Словачките и романските власти пронајдоа јајца загадени со инсектицидот „фипронил“ кои преку Германија се увезени од Холандија. И од хрватските пазари се повлекуваат јајца од Холандија.

Скандалот со загадените јајца се прошири и во Романија и Данска. Словечките ветеринанрни инспектори пронашле 21 пакување јајца загадени со фипронил во складиште во местото Врбове на запад во државата.

Претходно беше соопштено дека и во Романија се откриени тон јајца загадени со инсектицидот фипронил, и тоа беше прв случај во Источна Европа од почетокот на скандалот.

Јајцата се пронајдени во складиште во западна Романија, увезени од Германија.

Од хрватските пазари се повлекуваат јајца од холандскиот производител Екоплаза, соопшти хрватското Министерство за земјоделие.

Холандската полиција вчера уапси двајца осомничени директори од компанијата Чикендфренд во рамки на истрага за нелегално користење потенцијално штетен инсектицид во живинарска индустрија. Таа холандска компанија е во центарот на скандалот со јајцата загадени со фипронил, но засега нема коментар од надлежните во компанијата.

Милиони јајца овие денови се повлечени од европските супермаркети поради стравување дека се контаминирани со инсектицидот фипронил. Поради скандалот, можно е во Холандија да бидат уништени сотитци илјади кокошки.

Top