понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 19 ново

Емануел Демај нов шеф на косовската дипломатија

Косовскиот премиер во заминување Иса Мустафа донесе одлука за именување на Емануел Демај за нов министер за надворешни работи на Косово на местото на Енвер Хоџај, кој на последните избори беше избран за пратеник.

Демај е досегашен заменик министер за надворешни работи, кој на оваа функција беше избран во август минатата година. Тој ќе биде шеф на дипломатијата до формирањето на новата Влада,

Пред неговото именување за заменик министер, тој беше секретар на Демохристијанската партија, која беше во коалиција со Демократската партија на Косово .

Ова е последна во низата одлуки на Мустафа за наименување нови министри до формирање на новата Влада.

На 7 овој месец, тој донесе одлука за именување на четворица нови министри на местото на оние кои на последните избори беа избрани за пратеници во косовскиот Парламент.

Со таа одлука за министер за финансии Мустафа го именува Агим Красниќи, за министерка за култура, млади и спорт Вљора Думоши, за инфраструктура Ханефи Мухареми и за труд и социјални грижи Сафет Камбери.

Top