недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 76 ново

Марјанчо Николов член на УО и директор за комерцијални работи на АД ЕЛЕМ

Марјанчо Николов, поранешен пратеник од редовите на СДСМ, е именуван за член на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ, кој воедно ќе биде директор за комерцијални работи во државната компанија за производство на електрична енергија.

Николов ја предводеше пратеничката листа на партијата во третата изборна единица на парламентарните избори во 2014 година, но на минатогодишните избори во 2016 година не се најде на листите за пратеник.

Покрај него, за членови на УО на ЕЛЕМ именувани се Благојче Трповски (директор за производство на електрична енергија), Ѓорги Михаилов (директор за правни и општи работи), Иван Трпески (директор за развој и инвестиции).

Тие доаѓаат на местата на Гордана Димитриеска-Кочоска, Иван Куковски, Александар Пауновски, Фатмир Лимани и Анита Стаменова.

Нови членови на Надзорниот одбор на најбогата државна компанија се Златко Перевски, Верица Узунова, Ѓоко Ташев и Сашо Додовски, кои доаѓаат на местата на Сефедин Халили, Ристе Ачкоски, Донка Марковска и Данчо Коевски.

Како што е познато, за генерален директор на АД ЕЛЕМ е избран Драган Миновски, кој доаѓа на местото на Христијан Мицковски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top