вторник, 22 август 2017 | Вести денес: 70 ново

„Икеа“ го отвори првиот продажен објект во Србија

Шведскиот производител на мебел и опрема за домаќинство Икеа, отвори прв продажен салон во Србија. Тоа е 400ти продажен објект на таа компанија во светот, пишува Порта3. IKEA
Икеа вложи 70 милиони евра во објектот, вработи 416 луѓе, а на потрошувачите ќе им биде понудена стандардна палета производи по пристапни цени.

Продажниот објект во Бубањ Поток, на јужниот влез во Белград, се простира на 35.000 квадрати, располага со повеќе од 1.400 паркинг места, ресторан со 500 места, продавница за шведска храна како и место за полнење електрични автомобили.

Top