недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 74 ново

Руски научници измислија лек против тромб

Руските научници направија препарат против создавање на тромб кој нема негативни странични ефекти. Се соопштува дека главниот елемент на лекот е екстракт од тело на пијавица.

Според зборовите на стручњаците, првите истражувања во оваа област ги направила уште во 80-те години познатиот хирудолог Изолда Баскова. И таа работа од времето на СССР не била залудна. Лекарите уште тогаш се запознаа со корисните својства на пијавиците и научија како да ја извлекуваат од нив супстанцата што е потребна за растворување на тромбот, но во тоа време тоа беше многу тежок и скап процес.

Меѓутоа, денес руските стручњаци први во светот успеаја по вештачки пат да ја произведат оваа супстанца. Значењето на новиот препарат е во тоа што кога го растворува тромбот, притоа тој не врши негативно влијание врз протеините, за разлика од другите лекови од овој тип, пренесува „Рамблер”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top