сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 36 ново

Суперкуп: „Што се случи сношти“

Македонецот Васко Белески на неговата фан страница на фејсбук објави краток текст во кој го опишува неговото исксутво и согледувања околу супер купот кој се одржа во Скопје на 8-ми август годинава. Стотици илјади граѓани го прочитаа, а ако не ви дошол при рака, еве ви таква можност:

Сношти свесно или несвесно сите се поклонивте на мудрата политика на истиот оној за кого велите дека бил режим и криминалец. На истиот оној , кој од 2006 г па наваму и „ под негово раководсвто„ се изградија многу објекти од светски вредности. Сношти Скопје навистина беше Фудбалска метропола, дојдоа луѓе од цела Европа од соседна Србија, Хрватска, Италија, Грција, Бугарија, Шпанија, Англија, од секаде, 90% од нив беа првпат тука и нај малце 70% од нив ќе раскажат понатаму за гостопримството какво што ретко се доживува. И што се случи сношти, профитираа и во иднина ќе профитираат Хотели, Ресторани, Бутици, Козметички салони, Аеродроми, Такси, Шопинг центри, Рентакар агенции итн итн.

Што се случи сношти , цел свет претставено преку 90 Минути слушна за Македонија и Скопје, а пак преку Медиумите и многу повеќе, Сношти се случи светлосна Енергија која ќе остане долго долго кај нас а богами и кај европјаните. Организаторот докажа дека може да организира вакви манифестации од А до Ш – Значи од Обезбедување до Градинарот на тревата се беше во нај нај ред – Едноставно да речеш ах колку е убо. Е тој истиот кого многумина забегани умој го нарекуваат Режим и криминалец , тој имаше сила моќ стрпливост и знаење и сето ова да вго реализира, точно драги плукачи не се тоа негови пари, ама негово беше времето, нервозите, одговорноста и целиот притисок од овие што денес ја продаваат Македонија.

Е тој истиот е сега мета на напади од странки сили на чело со Марионетски премиер кој спрема мене е најголемиот срам за Македонија, Што се случи сношти, соседите ни завидуваа и посакуваа тоа да се одржува кај нив, така Хрватите на пример се разочарани што ваков настан не се случи кај нив . Што се случи сношти од сношти Македонија е веќе земја која што ќе има отворена врата и кон други манифестации. Светскиот гигант Гугл е од сношти побогат за илјадници слики и написи и сите водат кон Македонија. Што се случи сношти , и тие што го плукаа и тие што со него заедно ја бранат Македонија уживаа на стадионот Филип Втори , истите тие плукачи кои само пред само една година кршеа , палеа, плука, бојадисуваа, тепаа полицајци, се изживуваа врз лојални граѓани, да драги мои истите тие сношти свесно или несвесно се поклонија пред мудроста на Никола Груевски. – В.Белески

Top