сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 36 ново

Аеродром и Ново Лисиче утре ќе останат без вода

Поради отстранување дефект на водоводна цевка, утре од 23 часот до завршување на зафатот без вода ќе бидат корисниците од високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче.

Регионалниот центар за управување со кризи по известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација соопшти дека дефектот што ќе се отстранува е на водоводна цевка со пречник 400 мм на ул. Новопроектирана – Сервисна зона југ во населба Кисела Вода.

Top