среда, 23 август 2017 | Вести денес: 1 ново

Интерпелација против министерот Тевдовски

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа интерпелација и кон министерот за финансии, Драган Тевдовски. Против Тевдoвски како причини ги наведуваат целосно неразвојниот, како што велат, ребаланс на буџетот за 2017 година, намалувањето на капиталните расходи, засиленото и неосновано задолжување на граѓаните на домашниот пазар, зголемувањето на износот предвиден за задолжување на меѓународните финансиски пазари, непочитувањето на народните претставници во собранието и манипулирањето со економските податоци, параметри и индикатори.

„Министерот за финансии, односно министерот за кратење и задолжување, Драган Тевдовски, со своето конфузно, неодговорно и некомпетентно работење во овие седумдесетина дена откако ја извршува оваа функција докажа пред нас пратениците и целата македонска јавност дека е поставен од страна на Зоран Заев единствено со цел да ги спроведува погубните политики на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Top