петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Комплетиран раководниот тим на МЕПСО

Покрај новиот генерален директор Сашо Василевски државната компнија за пренос на електрична енергија МЕПСО, доби и Управен и Надзорен одбор.

Нови членови на Управниот одбор на МЕПСО се: Борко Алексоски (директор за управување со електропреносниот систем), Симон Шутиноски (директор за управување со пазарот на електрична енергија), Ненад Крстевски (директор за правни и општи работи во дирекција), Сашо Стефановски (директор за пренос на електрична енергија, Томи Божиновски (директор за информациони технологии и телекомуникации во дирекција).
Надзорен одбор на МЕПСО, пак, го сочинуваат Ева Шуклева, Даме Коруноски, Николче Ацевски, Назиф Буши, Снежана Чундева и Трајче Черепналковски.

Top