четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 98 ново

Детето кое го доби медалот од Мурињо во Скопје ја живее неделата од соништата

Жозе Мурињо, стратегот на Манчестер Јунајтед реши да го подари медалот по Суперкупот на УЕФА во Скопје, а фотографија од детенцето кое му се радуваше на среброто на Португалецот се појави во јавноста.

Се работи за малиот Деџи, кој доаѓа од Нигерија. Црномурестото момче имаше среќа да го добие одличјето на Мурињо, за кое Португалецот изјави дека не му е потребно, затоа што нему не му значи многу, а на детенцето му значи како да е светот.

Деџи живее навистина среќна недела, затоа што неговиот татко на социјалните мрежи информира дека пред да пристигнат во Скопје на малиот кој тренира фудбал му одобриле да игра во иднина за Саутемптон, а медалот бил само јаготка на шлагот.

Потегот на Мурињо го поздрави и екипата на Манчестер Јунајтед. Од клубот на осми август јавно побараа доколку некој го познава малиот фудбалер да ги контактира.

gol.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top