вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 130 ново

Реконструирана градинката „Корчагин“

Матичниот објект на најстарата градинка во општина Центар, „Корчагин“, по речиси четири децении е реконструиран.

Од општината соопштија дека децата, во објектот кој се наоѓа зад Градска болница, престојувале во несоодветни услови, прозорците и креветчињата биле стари и дотраени, фасадната столарија не била сменета цели 35 години, при што се губел голем дел од топлинската енергија и децата не биле соодветно заштитени од студ и провев.

Се посочува дека се поставени нови 102 модерни прозорци, како и шест коморни прозорци кои се енергетски ефикасни…и заедно со новите 18 поставени врати, градинката сега ги исполнува сите стандарди за енергетски ефикасен објект за престој на 240 деца и 40 воспитувачи.

Пред реконструкцијата, потрошувачката на електрична енергија изнесувала 121,95  киловат часови на м2 годишно, а сега 60 киловат часови.

Од општината посочија дека почитувајќи го начелото на транспарентно работење, заедно со Форумот на заедницата организирале граѓански форум на кој невладините организации и граѓаните изгласале токму реконструкцијата на матичниот објект на градинката „Корчагин“ да биде проект кој треба да биде поддржан.

Половина од средствата за реконструкција ги обезбедила општина Центар, а другата половина Фондација Отворено Општество Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top